Сите 13 патници и членови на екипажот успеаја безбедно да се спуштат со падобран од малиот авион, кој потоа се урна во езерото Таупо на Северниот Остров, на Нов Зеланд, соопштија денеска новозеландските власти.
Шест патници се наоѓале во авионот, кој ги водел на излет над езерото Таупо, кога е воочен пробем со моторот на леталото.
Портпаролот на Агенцијата за цивилнен авиосообраќај Мајк Ричардс изјави дека е чудо што никој не настрадал во несреќата.
Градоначаникот на Таупа Дејвид Превејвс изјави дека авионот загубил контрола околу 1.300 метри над земјата и оти пилотот ги повикал патниците да се евакуираат, по што тој и шестте членови на екипажот, заедно со шестте патници скокнале од леталото со падобран.
Во тек е истрага за причините за нереќата.