Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Од:

Мал авион денеска се урна во комплекс на челичарница во северна Германија, при што загинаа пилотот и копилотот, соопшти полицијата.

Авионот полетал од аеродромот во Салцгитер-Драјт и се урна на теренот на челичарницата Салцгитер, потврдил портпаролот на противпожарната служба.

Точната причина за несреќата првично беше непозната, но портпаролот на полицијата нагласи дека се претпоставува дека станува збор за несреќен случај, јави агенцијата ДПА.

Авионот паднал во тесен простор меѓу две сали и се запалил, изјави шефот на противпожарната служба Арно Зикс.

Според него, низ густиот чад можеле да се видат само делови од крилото, а она што останало го опишал како „изгорена челична рамка“.

Зикс рече дека околу 90 служби за итни случаи биле на местото на несреќата, на околу 50 километри источно од Хановер, и дека болничарите констатирале смрт на двајцата мажи во авионот откако пожарот бил изгаснат.

Федералното биро за истраги на авионски несреќи започна истрага за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД