Според податоците на специјализираниот сајт за следење авиони, во Каракас по избувнувањето на судирите слетал авион од Москва. Не е познато за каков авион станува збор и дали носел некаква пратка за Венецуела.
Според податоците на сајтот, авионот кој тргнал од Париз за Каракас на половина пат се вратил назад во францускиот главен град, најверојатно поради политичките тензии и судирите на улиците.
A well-known visitor landed few hours ago in Maiquetía #Caracas Turkish Global Express TC-TSR from #Moscow.#Venezuela pic.twitter.com/ROkPi2Uh6J
— Manu Gómez (@GDarkconrad) May 1, 2019
Сојузната управа за цивилно воздухопловство на САД пак им забрани на воздушните оператори да летаат под 8.000 метри во просторот над Венецуела. Исто така од сите воздухопловни оператори на САД во Венецуела е побарано да ја напуштат земјата во рок од 48 часа.