Авион на Рајанер принудно слета во Берлин поради закана за бомба

Од:

Авион на нискобуџетниот ирски авиопревозник „Рајанер“ на линијата од Даблин за Краков, ноќеска бил принуден да слета на аеродромот во Берлин поради закана за поставена бомба, пренесе ДПА.

-Полициските безбедносни мерки се завршени без да се открие никаква опасност, изјави портпаролот на берлинската полиција.

„Патниците можеа да го продолжат летот кон Полска со резервен авион“, додаде таа, без да наведе повеќе детали за причините за тревогата.

Според весникот „Билд Цајтунг“, станува збор за закана од бомба, што се покажа како неоснована.

Авионот, во кој имало 160 патници, малку по 20 часот по локално време слетал на пистата на аеродромот Берлин-Бранденбург, во јужниот дел од германската престолнина.

Според германските медиуми, багажот на патниците бил истоварен од авионот за да го пребаруваат кучиња трагачи, додека авионот бил опколен од бројни полициски и противпожарни камиони.

-Авионот на „Рајанер“ побара итно слетување што веднаш беше одобрено, изјави за „Билд“ портпаролот на аеродромот Јан-Питер Хак, прецизирајќи дека патниците биле донесени на терминалот на аеродромот за да се освежат.

Во јули 2020 година, авион на Рајанер леташе по истата рута на релација Даблин-Краков и мораше итно да слета во Лондон по закана за поставена бомба, што, исто така, се покажа за лажна.

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски