Авион на компанијата „Ер Азија Вест“ денеска ја промашил пистата при слетување за време на големо невреме во централниот дел на Филипини, при што леталото претпрело оштетувања.
Засега нема информации за повредени патници или членови на екипажот.
Патниците се евакуирани со помош на тобоган на дување, а аеродромот во градот Калибо ќе биде затворен за сообраќај се додека оштетениот авион, чии три тркала се заглавени во калта, не биде одвлечен од пистата, соопшти филипинската Цивилна управа за летање.
Тропската бура предизвикала свлечишта и поплави во јужните и централни делови на Филипини, а најмалку 31 лице настрада, додека седум се водат за исчезнати, соопштија денеска официјални претставници, а пренесоа американските медиуми.