Авиокомпанијата тврди: Авионот беше во функција, ја помина контролата во јули

Од:

Авионот на малезиската авиокомпанија, кој што се урна вчера во Украина, технички бил во ред и ги поминал сите неопходни контроли, соопшти денеска авиокомпанијата.

„Боингот 777-200“ последен пат бил проверуван на 11-ти јули оваа година на аеродромот во Куала Лумпур, а следната контрола била предвидена за 27-ми август.

Инаку авионот потекнува од 1997 година, а како што истакнуваат од компанијата сите телекомуникациски системи биле во функција, пренесе „Итар-тас“.

Пред неколку месеци, авион на истата компанија „Боинг 777“, кој леташе на линијата Куала Кумпур-Пекинг со 239 патници и членови на екипажот, исчезна, под се уште неразјаснети околности.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он