Авганистанско семејство огорчено на САД откако 10 члена загинаа во напад со дрон: „Извинувањето не е доволно“

Од:

Извинувањето не е доволно за преживеаните од авганистанското семејство Ахмади, чии десет членови, вклучувајќи и седум деца, загинаа во напад на американско беспилотно летало кон крајот на август.

Енак Ахмади, чија ќерка Малика беше убиена на 29 август, кога ракета го погоди автомобилот на нејзиниот постар брат, изјави дека семејството бара од Вашингтон да утврди кој го испукал проектилот и да ги казни војниците одговорни за нападот, пренесува „Блиц“.

-Не е доволно да ни кажат дека им е жал. САД треба да ја најдат личноста што го направи тоа, рече Ахмади.

Тој додаде дека семејството бара и финансиски надомест за нивната загуба и дека неколку членови на семејството да бидат преместени во трета земја, но не прецизира во која.

Американските и другите медиуми во Кабул по нападот објавија дека возачот на погодениот автомобил, Земари Ахмади, бил долгогодишен вработен во американска хуманитарна организација и дека нема докази за тврдењето на Пентагон дека во неговото возило имало експлозив.

Ракетата го погоди возилото додека влегувало во дворот на семејниот дом, во момент кога кон Земари притрчувале неговите деца.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан