Талибанските бунтовници времено го затвораат политичкото претставништво во Доха, што работи од јуни, во обид за решавање на авганистанскиот конфликт, соопшти висок претставник на талибанците.
– Го затвораме времено претставништвото во Катар, бидејќи добиените ветувања не беа исполнети, изјави висок анонимен претставник од Пакистан, каде авганистанските талибанци имаат свои бази.
Според него Американците, владата во Кабул и сите останати вклучени страни во конфилктот не покажале искреност и отвореност кон талибанците.
Талибанците политичкото претставништво во Доха, главниот град на Катар, го отворија на 18 јуни годинава.