Талибанците најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан за време на муслиманскиот празник Курбан бајрам, кој почнува од 31 јули, јави агенцијата Анадолија.
Портпаролот на талибанците Забихулах Мујанед изјави дека муџахедините ќе го следат одвивањето на примирјето за време на трите дена од Бајрам.
– Исто така, сите муџахедини (талибански бунтовници) мора да бидат внимателни бидејќи на ниту еден од нив не им е дозволено да преминат во подрачја под контрола на владата, се вели во соопштението што го пренесува Анадолија.
Претходно, авганистанскиот претседател Ашраф Гани вети дека ќе ги ослободи сите 5.000 талибански милитанти како дел од договорот за размена на затвореници меѓу САД и Талибанците и ја повика милитантната група да се подготви за преговори во наредните денови.
Авганистан е центар на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.