Авганистанската сага е историја на хаотичната западна интервенција

Од:

Гардијан – Лондон

Последните пресврти и сите изминати 14 години откриваат како САД и сојузниците од НАТО напразно се мачеа да постигнат мир, кој беше предвидуван во 2001 година.

Додека Велика Британија и нејзините сојузници се поактивно се ангажираат во воената кампања во Сирија, Ирак, а веројатно наскоро и во Либија, последните пресврти во Авганистан на жесток начин потсетуваат на опасностите кои демнат и непредвидените последици од необмислени западни интервенции во странски држави, и колку лесно таквите авантури можат да се претворат со ужасни промашувања.

Авганистан беше првата интервенција во ерата која дојде по атентатите од 11 сптември 2001, пребрзо изведена по анпадите во Њујорк и Вашингтон. Првичната цел на САД беше да ги разурнат базите на Ал Каеда. Но тоа брзо се трансформира во смена на режимот. Откако талибанците беа протерани, целта повторно се промени во „изградба на држава“.

Последниве 14 години во Авганистан се историја за тоа како САД и нејзините сојузници од Нато се мачеа, засега безуспешно, да создадат мирна, стабилна, преспективна, прозападна демократија, која оптимистички беше предвидувана во 2001 година. Минатата недела, неопходното префрлување на американски и британски специјални единици и советници во западната провинција Хелманд, е индикација дека големите политички проекти се изместени од првични сигнали за паника.

Барак Обама се откажа од спроведената окупација на Ирак од страна на Џорџ Буш и ја повлече американската армија од таму што е можно најбрзо, но зазема сруга линија кон Авганистан. Во 2009, тој нареди дополнително испраќање на 30,000 војници во високоризичен обид да ја заврши војната. Подобрувањата во безбедноста сепак се покажаа како краткотрајни. Талибанците не можеа да бидат разбиени, ниту пак да бидат принудени да преговараат за мир.

И покрај тоа мината година НАТО се повлече оставајќи ја земјата на божјата помош. Во октомрви Обама реши да сопре со повлекувањето на преостанатите 9,500 американски војници што покажа дека тој веќе не и верува на сопствената реторика за способноста на авганистанската армија и полиција да ја поддржат безбедноста. На големо разочарување избраната влада на претседателот Ашраф Гани, слично на онаа на Хамид Карзаи пред него, се покажа некомпетентна, подвоена од противречностии заглавена во корупција.

Сега САД се во тесно. Не можат целосно да се повлечат, не можат ниту да го засилат своето присуство таму. Зад смирувачките изјави од пресот на Белата куќа се надѕира недостигот дури и на најмрачната претстава кај Обама што понатаму да се прави.

И покрај сите успеси на бојното поле, талибанците исто не се во многу подобра форма. Лидерската криза која следуваше по јули дека мула Омар е мртов веќе две години, го потресе движењето. Неговиот надледник, мула Ахтар Мансур, е исправен пред силни противења. Неодамна талибанците беа принудени да ги негираат соопштенијата дека Мансур е тешко ранет, па дури и убиен во престрелка меѓу завојуваните фракции.

Овие внатрешни тензии имаат две важни последици. Едната е дека напорите на Пакистан да го обнови авганистанскиот мировен дијалог следниот месец , за што беше објавено минатата недела, може да се покаже како фатало поткопан од фактот дека никој нее согласен кој ќе ги претставува талибанците. Друга е можноста која овие противречности ја откриваат пред новиот играч на авганистанската сцена – црнознаменските џихадисти од Исламска држава.

ИД си создаде база во североисточните провинции Кунар и Нангахар, од каде се соопштува за судири со локалните талибанци. Во јули талибанците му се обратија на лидерот на ИД – Абу бакр ал Багдади – да избегнува дејствија кои можат да доведат до „расцепување на командувањето кај муџахедините“. Барањето им беше одбиено. ИД сега активно врбува војници во источен Авганистан преку секојдневно емитување на паштунски јазик, наречено „Гласот на калифатот“ во кое се емитуваат интервјуа, пораки и песни.

Неодамна американскиот генерал Џон Кембл, командантот на меѓународните сили во Авганистан, рече дека ИД располага со околу три илјади борци. Тој предупреди дека нејзиното влијание се шири. Тука не е вклучено преостанатото присуство на Ал Каеда и непрестаните ограбувања на феудалните племенски вождови, како Сираџудин Хакани, кој ја предводи моќната локална бунтовничка групација Хакани (која исто води партизанска борба против владата и силите на Нато.

Во таква ситуација ако сите западни сили почнат да се враќаат дома, талибанците тоа нема да го пропуштат. Во оваа фаза нема како да се спречи брзото пресвртување на Авганистан во арена на внатрешни фракциски борби на национално ниво меѓу владините сили на Кабул, локалните паштуни (талибанците), неангажираните сунитски мафиози, па дури и таџикските милиции од старата Северна алијанса. Тоа може да ја врати земјата назад во катастрофалното доба на граѓански војни од 90-ите, уништувајќи го со маки постигнатиот општествен, социјален и хуманитарен напредок во последната деценија, како и да предизвика нова бегалска криза.

Како и секогаш во Авганистан, регионалните играчи продолжуваат да си ги тераат своите тесни лични интереси. Кина се вознемири од префрлување на бранот од радикализација кон своето муслиманско население во западната провинција Синцзјан. Русија исто покажува страв од слични опасности од дестабилизација на поранешните советски средноазиски републики и од непрекинатиот проток на авганистанскиот опиум на север. Москва веќе ја разгледувала доставата на тешки оружја на свои претпоставени команданти во авганистанските полиции, како што е Абдул Рашид Достум. На западната граница, Иран исто така си бара некаква корист и за себе.

Исто како и САД и Велика Британија, никоја од тие земји нема ефикасен план па дури ниту некаква полусирова идеја како да се реши авганистанската главоболка. Но главната лекција од Авганистан е јасна и применлива насекаде низ светот: воените интервенции, општо кажано, директно ја влошуваат ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан