Авганистанската армија почнува проект за зголемување на бројот на специјалците

Од:

Авганситанската армија почнува проект за двојно зголемување на бројот на специјалци во момент кога државата се бори со се поголемиот бунт на талибанците, јави ДПА.

– Министерството за одбрана наскоро ќе почне со зголемуавње на бројноста на специјалните сили за да имаме компетентна единица за борба со тероризам, изјави генерал Мохамад Радманиш.

Тој не наведе за колкава цифра станува збор, но рече дека проектот почнува оваа година и ќе трае до 2020 година.

Според извори во НАТО, специјалните сили во авганистанската армија се седум отсто од вкупната бројност на армијата. Извршуваат 40 отсто од сите воени акции во Авганистан.

Во изминатите години авганистанските безбедносни сили се повеќе губат свои припадници. Во 2016 година 6.785 биле убиени и други 11.777 ранети. Тоа е повеќе од двојно отколку што биле убиени странски војници во Авганистан во изминатите 15 години. Авганистанските сили имаат контрола врз околу 60 отсто од територијата на државата.

Според Радманиш за зголемувањето на бројноста на специјалните сили ќе има доволно средства од петте милијарди долари кои секоја година ги добиваат авганситанските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан