ВИДЕО: Авганистанка се породи во американски авион за евакуација

Од:

Авганистанка се породи во американски воен авион за евакуација, соопштија Американските воздухопловни сили, дополнувајќи дека таа родила девојче веднаш откако авионот слетал во американската воздухопловна база во Германија.

Во денешната серија твитови, Командата за воздухопловна мобилност соопшти дека кај жената се појавиле компликации кога започнала да се пораѓа во транспортниот авион Ц-17, пренесува Анадолија.

Поради тоа, „командантот на авионот одлучи да се спушти на височина за да го зголеми воздушниот притисок во авионот, што помогна да се стабилизира и да се спаси животот на мајката“. Летот беше од привремена база на Блискиот Исток до Воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.

По слетувањето, персоналот од 86. Медицинска група на Воздухопловните сили помогна во породувањето на бебето во делот за товар на авионот. Девојчето и мајката подоцна се пренесени во блиската медицинска установа и се во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан