Авганистанците во САД ќе добијат привремен заштитен статус за период од 18 месеци

Од:

Авганистанските граѓани кои живеат во САД со истечени визи ќе добијат привремен заштитен статус за 18 месеци поради се уште небезбедните услови во нивната земја, објави Министерството за внатрешна безбедност на САД.

„Оваа ознака TPS (Temporary Protected Status) ќе помогне да се заштитат авганистанските државјани кои веќе живееле во САД од враќање во небезбедни услови“, рече секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Статусот ќе биде достапен за 72.500 Авганистанци кои влегле на она што е познато како „хуманитарна условна слобода“.

Ознаката TPS, исто така, ќе опфати околу 2.000 Авганистанци кои влегле во СAД со студентски, работни и туристички визи и повеќе не можат да се вратат во својата земја по преземањето на васта на талибанците во август.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД