Авганистанските талибанци оваа недела официјализираа долг сет на правила кои го дефинираат моралот, при што на жените им беше забрането да зборуваат во јавноста и се бара да го покриваат своето лице, соопшти тамошното Министерство за правда.
Новите правила беа одобрени од врховниот лидер на талибанците, Хибатула Ахунџада, и претставуваат најстроги мерки наметнати на жените откако Талибанците ја вратија власта во 2021 година, пишува Тајмс.
Тоа е, исто така, прва формална декларација за закон од страна на Министерството за пропагирање на доблести и спречување на пороци во исламската земја од 2021 година и се состои од 114 страници и 35 документи со написи.