Авганистан: Не планираме продолжување на мировните преговори со талибанците

Од:

Четири нации – Авганистан, Пакистан, Кина и САД не планираат да продолжат со мировните преговори со талибанците по претходната рунда состаноци која не даде никакви резултати, соопштија денеска авганистански официјални лица.

Портпарол на авганистанскиот претседател Ашраф Гани рече дека не постои план за оживување на мировниот процес кој има за цел талибанците да бидат на преговарачка маса.

Групата претставници од четирите држави петпати имаа состанок од јануари во Кабул и Пакистан. Во мировните преговори не учествуваа талибанците кои одбија да присуствуваат на заеднички состаноци.

Авганистански официјални лица го обвиннуваат пакистан за давање засолниште на лидер на талибанците додека Исламабад негира. Тие велатд ека Авганистан е на удар на „терористички групи кои дејствуваат и имаат бази во Пакистан“.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан