Авганистан наскоро ќе почне со издавање на електронски лични карти

Од:

Авганистанската Влада соопшти денеска дека наскоро ќе почне да издава електронски лични карти.

Таа тема се разгледува долги години, а воведувањето на електронските лични карти беше одложувано и предизвикуваше спорови, јави ДПА.

Првично тие лични карти требаше да се издаваат уште во 2010 година, но тогаш не се случи поради прашањето на податоците за етничката припадност.

Се очекува електронските лични карти да бидат важно средство за намалување на корупцијата и изборните измами. Првично ќе бидат издадени 500 илјади елетронски лични карти за што ќе бидат потребни шест месеци.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан