Авганистан: Напаѓачи пукале на свадба за да ја прекинат музиката, најмалку две жртви

Од:

Вооружени лица кои се идентификувале како талибанци ги нападнаа присутните на свадба во источен Авганистан за да ја запрат музиката, убивајќи најмалку две лица, а раниле десет други, соопштија официјални лица.

Портпаролот на талибанците изјави дека двајца од тројцата вооружени напаѓачи се уапсени, но тој негираше дека тие дејствувале во нивно име, пренесува Би-Би-Си.

Музиката беше забранета кога талибанците владееја со земјата од 1996 до 2001 година.

Новите власти се уште немаат донесено таков декрет.

Очевидец изјави за Би-Би-Си дека четирите двојки се венчале на заедничка венчавка во областа Сурк Род во провинцијата Нангархар во петокот. Тие добиле дозвола од локален талибански лидер да пуштаат снимена музика во простор што го користат само жени.

Меѓутоа, доцна во ноќта вооружени лица влегле внатре и се обиделе да ги скршат звучниците. Кога гостите протестирале, напаѓачите отвориле оган.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека случајот е под истрага.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан