Авганистан: Националниот фронт на отпорот порача дека илјадници се подготвени да се борат против талибанците

Од:

Група анти-талибански бунтовници тврдат дека во нивните редови има илјадници луѓе кои се подготвени да се борат.

Али Назари, шеф за надворешни односи на Националниот фронт на отпорот во Авганистан изјави за Би-Би-Си дека групата сака да ги продолжи мировните преговори. – Но, „ако не успеат … нема да (прифатиме) никаков вид агресија, вели тој.

Талибанците, сепак, тврдат дека го опколиле упориштето на групата во Панјшир, познатата Долина на петте лавови. Амрула Салех, вицепремиерот соборен од талибанците, во моментов е во Панјшир, провинција североисточно од главниот град Кабул. Оттаму, тој твитна дека талибанците распоредиле голем број војници во близина на влезот во долината.

Провинцијата Панјшир, особено долината со исто име, исто така, се спротивстави на советската инвазија во војната од 1979 до 1989 година, а потоа и на талибанците во 1990 -тите. Според сведоштвата, таа во моментов се уште е под контрола на Националниот фронт на отпорот во Авганистан, основан од Ахмад Масуд – син на авганистанскиот херој на отпорот Амхад Шах Масуд.

Ахмад Шах Масуд беше моќен командант кој го предводеше движењето на отпорот против Советскиот Сојуз, а потоа беше лидер на военото крило на авганистанската влада против ривалските вооружени трупи во текот на 1990 -тите, потсетува Би-Би-Си. Кога талибанците ја презедоа контролата, тој беше главниот воен противник на нивната влада, се до неговата смрт во 2001 година.

Назари за Би-Би-Си радио 4 изјави дека неодамна во провинцијата дошле противници на талибанците од целата и биле на обука. Тој рече дека групата брои „илјадници луѓе подготвени да дадат отпор, но Би-Би-Си нагласува дека не можел да добие потврда за ова тврдење од независни извори.

– Ние се стремиме кон мир и преговори пред каква и да е војна и конфликти, рече Назири.

Главната цел на Националниот фронт на отпорот на Авганистан е децентрализирана власт во земјата.

-Националниот фронт на отпорот верува дека за долгорочен мир е неопходно потемелно решавање на проблемите што ги има Авганистан, додаде тој. – Авганистан е земја составена од етнички малцинства, никој не е мнозинство. Тоа е мултикултурна земја, затоа е потребна поделба на власта – договор за поделба на власта во која се претставници на сите. Ако доминира само една група во политиката, ќе има внатрешни војни и продолжување на тековниот конфликт, рече тој.

– Претпочитаме мир и даваме приоритет на мирот и преговорите, додаде Назари. – Ако тоа не успее, ако видиме дека спротивната страна не е искрена и се обидува да се наметне на остатокот од земјата – тогаш нема да прифатиме никаков вид агресија.

– И докажавме, со нашиот пример што трае последните 40 години, покажавме дека никој не може да ја освои нашата провинција, особено не долината Панјшир. Црвената армија не успеа во тоа … А мислам дека во моментов никој во Авганистан ја нема силата што ја имаше Црвената армија. – Како и Талибанците пред 25 години … тие се обидоа да ја заземат долината и не успеаја, се соочија со тежок пораз, потенцира Назари.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан