Авганистан и Пакистан остро го осудија терористичкиот напад врз „Шарли ебдо“

Од:

Авганистан и Пакистан денеска остро го осудија „терористичкиот напад“ врз францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 лица и 11 беа ранети, а по него низ цела Франција веднаш почнаа демонстрации, пренесоа француските медиуми

– Убиствата на незаштитени луѓе и на цивили, предизвикани од омраза, се терористички акти и за овој акт на омраза нема оправдување, изјави авганистанскиот претседател Ашраф Гани.

Тој на францускиот претседател, семејствата на загинатите и „народот на Франција“, им изрази сочувство, се наведува во коминикето од Кабул.

Гани денеска за парискиот атентат разговараше со францускиот амбасадор во Авганистан.

Сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ повеќе пати бил цел на закани, особено откако во 2011 година ги објави карикатурите на пророкот Мухамед, наведоа француските медиуми.

Во септември 2012 година 200 до 300 лица излегоа на протест во Кабул за да се пожалат на објавените нови карикатури на Мухамед во „Шарли ебдо“ и лиферувањето на антиисламскиот филм „Невиноста на муслиманите“ во САД.

Овој филм предизвика и крвави судири во демонстрациите во соседен Пакистан, каде навредите на пророкот се казнуваат со смрт, според оспорениот закон за богохулство.

Се уште под силно влијание на шокот од нападот врз училиштето во Пешавар, во декември, во кој загинаа 150 ученици, Пакистан, меѓутоа, денеска „жестоко го осуди терористичкиот напад во Париз“ и изрази сочувство „кон францускиот народ“.

Пакистанското Министерство за надворешни работи преку коминике изрази „увереност дека меѓународната заедница ќе продолжи да дава цврст отпор на тероризмот и пред суд ќе ги изведе виновниците за терористичките атентати“.

Талибанците, од своја страна, досега не реагираа офијциално на нападот во Париз, забележаа француските медиуми. Но, во статија, објавена на нивниот интернет сајт и потпишана од Ахмад Зариф се вели: „По нападот врз „Шарли ебдо“ стравот се шири во САД и во Европа“.

„Аналитичариите сметаат дека нападот е предупредување кон оние кои во минатото го навредуваа исламот и пророкот“, се посочува уште во статијата

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен