Авганистан е се понемоќен пред талибанците

Од:

Политика – Белград

Со нападот на Кандахар милитантите повторно покажаа дека доволно се зајакнале за загрозување на големи градови и воени бази

Колапсот на безбедносните сили и воопшто, авганистанската држава, во чија изградба по инвазијата од 2001 година Америка инвестира 65 милијарди долари, талибанците целосно го разоткрија кога во јуни ја пробија престолнината Кабул и нападнаа на националниот парламент во момент додека во него се одлучуваше за ниту еден друг, туку за нов министер за одбрана.

Симболично гледано, зад тоа понижување не заостанува многу ни последниот препад на талибанците, кои уште еднаш докажаа дека зајакнале доволно да загрозуваат и големи градови, овој пат Кандахар, каде со оружје успеаја да се провлечат низ заштитниот прстен околу втората најголема воена база во земјата, во која, покрај домашната армија, стационирани се и трупи на НАТО. И повторно порача, како кога го прекинаа гласањето за министер за одбрана, дека само тие се прашуваат дали ќе има мир, бидејќи во базата продреа додека на меѓународната конференција во соседен Пакистан регионалните актери расправаа за тоа како да ги отстранат меѓусебните разлики и заедно да помогнат Авганистан да се врати на нозе.

По неколку дена откако тој напад беше одбиен, талибанците се вратија во Кабул и тоа во негов добро заштитен кварт, каде се наоѓа шпанската амбасада, чија гостинска куќа група радикални исламисти ја држеа под опсада со часови пред да биде ликвидирана. До тој момент, веќе зад себе остави седум жртви, а портпаролот на талибанците, како што пренесе „Ал Џезира‟, не пропушти да ги исмее властите поради тоа што не се во состојба да гарантираат безбедност ни во кварт со тешко обезбедување.

И резултатот од нивните напади на Кандахар ја одразува моменталната состојба во Авганистан: загинаа од прилика подеднаков број на талибанци и домашни војници, десетина од нив, цивили страдаа речиси четири пати повеќе, најмалку 38, додека сите припадници на коалицијата навистина до сега страдаа во Авганистан, што е една од причините од кои Америка бројот на своите луѓе во таа земја, од почетните 100.000 го сведе на помалку од 10.000, планирајќи и нив целосно да ги повлече идната година. Од тоа Барак Обама неодамна се откажа, наредувајќи во Авганистан да се задржат 5.500 војници, токму поради тоа што за овие 14 години американските трупи не можеа целосно да ги скршат талибанците, туку нивните напади само се засилија, ободрени со повлекувањето на странските трупи, а оваа пролет избувна најжестоката офанзива на тоа движење откако беше симнат од власта кој во 90-тите ја приграби бо граѓанската војна.
Пред нападот на базата во Кандахар и со тој во Кабул, досегашниот врв на таа офанзива беше кога талибанците кон крајот на септември го заземаа Кундуз, од кој беа истерани по две недели. Иако имаше иницијативи прв пат по долго време да се подготвуваат за освојување на еден град, наместо да се држат руралните места кои слабо организираните авганистански воени и полициски единици во голема мера ги препуштија, концентрирајќи се на одбраната на поголемите места, своите испостави и важните патишта, талибанците сеедно успеаја да се инфилтрираат во Кундуз и од него да ги истераат бранителите. Веќе тогаш почна префрлувањето на одговорноста за безбедносните пропусти, што по хаосот во Кандахар кулминираше со оставка на шефот на авганистанската тајна служба.

Пред авганистанската војска и полиција, кои се уште се финансираат од странски донации, од кои зависи и најголемиот дел од националниот буџет за цивилни намени, заканите на талибанците се внатрешни судири, во кои ривалската фракција неодамна и пукаше на новиот водач на талибанците, мулу Мансура, а потоа веста дека загинал беше демантирана со аудио снимка на која се слуша неговиот глас. Движењето слабее и тоа што многу борци пристапија на Исламската држава (ИД) која во овој случај, како во Сирија, Ирак и Либија, го искористи метежот во земјата да се рашири. Во земјата пристигнуваат и исламисти од регионот, за кои во северниот сосед Таџикистан и околните земји се плашат да планираат да ја искористат порозната граница на Авганистан како коридор преку кој речиси без мака ќе влезат и поранешните советски републики на централна Азија и Кина, која се плаши од проблемите со исламските радикални во пограничната област Синџијанг.

Меѓутоа, во Авганистан најмногу се плашат за граничните појаси со Пакистан, за кој веруваат дека потајно ги подрржува талибанците и дека ги саботираа оваа пролет покренатите мировни преговори со нив, така што токму кога конечно успеаја да бидат организирани пуштија да процури вест за тоа дека мула Омар, водач на движењето, умрел уште пред две години. Потоа меѓу талибанците почнаа борби за преземање на контрола над групата, во кои волјата за преговорите за мир е избришана.

Освен по безбедноста, повлекувањето на странските трупи, колку сега тоа да е успорено, е закана и по економската состојба на Авганистан. Поради нивното заминување, како што претседателот Ашраф Гани неодамна рече во интервју за „Шпигл‟, стотици илјади луѓе, кои им пружаа разни услуги, останаа без работа која не може лесно да се замени со друга во земја чие стопанство е уништено со војни веќе неколку децении. Околу 70 проценти од населението денес живеат со помалку од 1,7 долари на ден, длабоко под границата на сиромаштијата, што заедно со се поголемата опасност од талибанците и ИД, масовно ги прави бегалци кон Европа, до толку повеќе што Пакистан има намера да ги исфрли тие 2 милиона Авганистанци кои се на негова тероторија и нашле засолниште во изминатите децении.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан