Аваков: Убиени над 30 проруски сепаратисти кај Славјанск

Од:

Над 30 проруски сепаратисти се убиени во судирите во близина на Славјанск во источниот дел на Украина, соопшти денеска украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.

– Според нашите проценки терористите имаат загубено над 30 лица, објави Аваков на својот Фејсбук профил.

Проруските сепаратистички „сили за самоодбрана“ вчера им поставија заседа на украински војници, што доведе до жестоки судири кај Славјанск.

Според Аваков, во судирите се убиени четири украински војници, а 20 се повредени.

Проруските сепаратисти вчера соопштија дека во борбите се убиени четири припадници на нивните сили.

„Раша тудеј“ синоќа објави дека во интензивните борби меѓу украинските сили и проруските бунтовници во Славјанск во источниот дел на Укрина загинале над 20 лица.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски