Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци

Од:

Наводниот извршител на нападот со експлозијата, што се случи во неделата во такси во Ливерпул, северна Британија, го подготвувал нападот „најмалку“ седум месеци, соопшти денеска британската полиција.

Силите за борба против тероризмот го истражуваат минатото на Емад Ал Свелмин (32), барател на азил кој го прифатил христијанството, кој загина во експлозијата во неделата околу 11 часот пред женска болница, за време на комеморација на жртви од војната.

Таксистот кој го заклучил во возилото е полесно повреден.

Полицијата за борба против тероризмот соопшти дека Емад Ал Свелмин изнајмил стан во Ливерпул во април и почнал да купува делови за експлозивната направа што ја донел во таксито, се вели во соопштението на полицијата.

Медиумите јавуваат дека инспекторите се обидуваат да утврдат дали бомбата содржела ТАТП, рачно изработен експлозив користен во атентатот во концертната сала во Манчестер во 2017 година.

Полицијата смета дека се работи за атентат, но според британските медиуми сè уште не е утврден идеолошкиот мотив за нападот.

Иако не е објавен нов елемент во врска со мотивот за нападот, во тек е полициска истрага за утврдување на профилот на напаѓачот, кој досега медиумите го прикажуваа како барател на азил од Блискиот Исток.

Британскиот печат објави дека Емад Ал Свелмин пристигнал во Велика Британија во 2014 година, а потоа му била одбиена молба за азил, по што преминал во христијанство.

Неколку медиуми денеска јавија дека некои апликанти ја менуваат верата за побрзо да добијат азил.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Ливерпул нема дилема: Нотингем Форест е еден од претендентите за титулата

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул убедливо го победија Вест Хем во 19. коло од Премиер лигата

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година