Американската агенција за истражување на вселената НАСА, започна четиригодишна обука на нови астронаути кои освен барањата за тренингот во симулатори, авиони, ќе мораат да учат и кирилица, поточно руски јазик.
Помеѓу барањата за тренинг за симулаторите, млазни авиони и под вода, младите астронаути на НАСА ќе поминуваат часови учејќи кирилица и руски јазик.
Всушност еден од условите кои НАСА ги поставува на астронаутите кои што се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица, е и одличното познавање на рускиот јазик.
-Програмата е сфатена сериозно, бијдеќи навистина е потребно добро знаење на рускиот јазик, доколку се случи непредвидена ситуација и итно мора да се реши проблемот со Русија преку радио-изјави канадскиот астронаут и лекар, Дејвид Сен Жак.
Обуката подразбира и одење во Русија, за да се научи се за програмата „Сојуз“, како и руските сегменти на Меѓународната вселенска станица.
Елена Георгиевска