Британската компанија АстраЗенека најави дека ќе направи дополнителни тестови ширум светот за да ја процени ефикасноста на вакцината против Ковид-19, изјави денеска директорот на АстраЗенека, Паскал Сорио.
Потегот доаѓа откако британската компанија и нејзиниот партнер во развојот на вакцината, универзитетот Оксфорд, денеска признаа дека направиле грешка во процесот на тестирање, што отвори многу прашања за првичните резултати што ги објавија, а со кои се тврдеше дека вакцината има висока ефикасност.
Сорио додаде дека новите тестови ќе одредат дали помала доза од вакцината подобро функционира отколку поголемите дози.
АстраЗенека се соочува со непријатни прашања за ефикасноста на вакцината, поради што може да биде пролонгирано одобрението за употреба во САД и во Европската унија.