Астероид со неправилно движење близу Јупитер

Од:

Сончевиот Систем се уште крие многу изненадувања за луѓето. Последното од нив е откривањето на „непослушен” астероид околу Јупитер, пишува порталот „Саенс Њуз“.

Повеќето природни сателити, астероиди и други помали тела што орбитираат околу планетите во целата галаксија, кружат во истата насока како онаа на самата планета, којашто кружи околу некоја ѕвезда. Ако тоа не е така, теоријата вели оти помалото вселенско тело ќе „излезе” од орбитата и ќе стане независен објект.

Сепак, новото отритие ја доведувва таа теза во прашање. Астероидот кој беше скоро забележан од астрономите, го обиколува Јупитер во насока обратна од движењето на самата планета.

Се разбира, ова ги покренува прашањата – како движењето на телото останало стабилно, како тоа не „излегло” од орбитата на Јупитер?

Некои научници претпоставуваат дека се работи за „среќа“ и случајност. Тоа што патеката на астероидот е спротивна на онаа на Јупитер, создава баланс меѓу привлечната и одбивната гравитациска сила, којшто всушност и го задржува астероидот околу Јупитер.

Можно е да има и други вакви ретроградни придружни вселенски тела, сметаат научниците.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ