Астероид со огромни размери и со голема брзина минал покрај Земјата вчера во 15:30 часот според локалното време на источното крајбрежје на САД (21:30 според македонски време), соопшти НАСА.
Небесното тело со дијаметар до 140 метри, наречено 2013 ЕТ, експертите го споредија со облакодер или мал градски кварт. Астеродиот минал со брзина од 42 илјади километри на час на 950 илјади километри оддалеченост од Земјата.
– Тоа е околу два или два и пол пати оддалеченост од Месечината, но според вселенските мерења станува збор за мало растојание. Најстрашното е што не знаеме од каде доаѓа тој астероид, изјави Патрик Паолучи, претседател на Службата за вселенски набљудувања на НАСА.
Тој додаде дека астероидот во случај на судар со Земјата може да уништи цел град.