Астероид со големина на мал камион прелета денеска покрај Земјата на оддалеченост четири пати помала од одалеченоста меѓу планетата и Месечината, соопшти НАСА.
Астероидот 2013 ЛР6 бил забележан еден ден пред да се доближи до Земјата, денеска во 4:42 часот според Гринич. Небесното тело се разминало со Земјата на 105 илјади километри над океанот јужно од Тасманија.
Астероидот со дијаметар од 10 метри не претставувал закана за Земјата, нагласи НАСА.
Пред една недела голем астероид со дијаметар од 2,7 километри со сопствен сателит прелета на 5,8 милиони километри од Земјата.