Астероид со големина на пола фудбалски терен, ќе помине на 15-ти февруари покрај Земјата, поблику од многу други сателити, но нема да удри во нашата планета, објавија научниците на НАСА.
Големиот астероид 2012 од типот ДА14 С ќе помине покрај Земјата на разделеченост од 27. 680 километри, што е поблиску од Месецот, пренесе порталот „Спејс“.
– Откако во 90-тите години започна набљудувањето на небото, никогаш не сме виделе еден толкав објект да помине толку близу покрај Земјата. изјави шефот на програмата на НАСА, Дон Јеоманс.
Тој додаде дека и покрај тоа што астероидот ќе помине близу до Земјата, не претставува проблем, бидејќи нема можност да ја погоди нашата планета.
– Овој астероид е широк 45 метри, покрај Земјата поминува на секои 40 години, а удира само еднаш во сите 1. 200 години. Ударот од таков објект не би бил катастрофален за широко подрачје, изјави тој.
Астероидот 2012 ДА14 минатата година го откри астронмски-аматерски тим на опсерваториумот „Ла Сагра“ во Шпанија.
Од НАСА изјавија дека внимателно ќе го пратат минувањето на астероидот покрај Земјата.