Голем астероди со ширина околу 500 метри ќе помине покрај Земјата на 26 јануари . Минималното растојание меѓу астероидот 2004 BL86 и нашата планета ќе биде 1,2 милиони километри што е за три пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината. Иако бројките се големи, таквото растојание за вселенските услови се смета многу мало.
– В понеделник 26 јануари, астероид 2044 BL86 ќе се доближи на Земјата. Опасности за населението нема, но големината на астероидот и близината на неговото поминување претставува одлична можност за проучување, рече Дон Џоманс од НАСА.
Можноста за набљудување треба да се искористи, затоа што наредниот астероид со слична големина 1999 AN10 на Земајта ќе се приближи дури за 12 години.
– Астеродите се нешто посебно. Во иднина би можеле да станат вредни извори на руда и други богатства. Секако се значајни за нашите понатамошни истражувања на Сончевиот систем, додаде Џоманс.
Најдобар поглед на претстојната 2004 BL86 ќе имаат набљудувачите од Америка, Европа и Африка. Ако времето е ведро, астеродот ќе може да се види и од аматерски телескоп или подобар двоглед. Следниот пат, овој астероид вака ќе ни се доближи за 200 години.