Американското списание „Тајм“ покрена анкета за традиционален избор на личност на годината, а резултатите во првите денови покажуваат дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж води за три процентни поени пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
Резултатите ќе бидат познати во декември.
Иако за традиоциналната титула одлучуваат уредниците на списанието, тие велат дека анкетата во која учествуваат читателите е важен показател, кој најмногу продонел за 2016 година. Магазинот прогласува личност на годината од 1927 година.