Асанж се согласи да да биде сослушан во Лондон

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж ја прифати понудата на шведските обвинители да биде сослушан во Амбасадата на Еквадор во Лондон за обвинувањата за силување, изјави неговиот адвокат.

– Ние соработуваме во истрагата. Тој ќе го прифати барањето, изјави Пер Самуелсон.

Обвинителите бараат и да се направат ДНК анализа.

Шведскиот адвокат на Асанж изјави дека го поздравува таквото барање неговиот клиент да биде испитан во Амбасадата на Еквадор во Лондон, додавајќи оти процесот може да потрае.

Австралијанецот Асанж се наоѓа во Амбасадата на Еквадор од јуни 2012 година за да ја избегне екстрадицијата во Шведска поради обвинението за сексуален напад и силување. Основачот на Викиликс ги негира обвинувањата.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори