Асанж ќе ја напушти амбасадата на Еквадор

Од:

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж изјави дека наскоро ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, но не прецизираше кога, ниту под кои услови.

Асанж на прес конференцијата за новинарите додаде дека здравствената состојба му е влошена за време на 2 – годишниот престој во амбасадата.

Доколку одлучи да ја напушти амбасадата на Еквадор, од чии власти побара политички азил, основачот на „Викиликс“ веднаш ќе биде уапсен, со оглед на тоа што пред амбасадата деноноќно се наоѓа полициска контрола која го набљудува објектот.

Странските медиуми пред неколку денови објавија дека Асанж има срцеви проблеми, поради кои му е потребно болничко лекување.

Телевизијата „Скај њуз“ пренесува дека за време на интервјуто со Асанж, тој изгледал „многу обесхрабрено“.

– Изгледа дека го напуштил борбениот дух. Луѓето кои се во негова близина јасно ставаат до знаење дека тој е премногу озбилен – пренесува „Скај њуз“

Тој сам потврдил дека покрај проблемите со срцето, се бори и со висок крвен притисок, а има и проблеми со видот, а сето тоа е резултат на неговиот 2 – годишен престој во амбасадата.

Основачот на „Викиликс“ е соочен со апсење по обвиненијата за силување и сексуално вознемирување во Шведска, а тамошните власти во јули потврдија дека и понатаму останува на сила налогот за негово апсење.

Две шведски државјанки го обвинија Асанж за сексуално вознемирување, а официјално обвинение против него не е покренато.

Според шведските закони, осомничениот може да биде обвинет за извршено кривично дело после испитувањето.

Негова испорака бараат и САД, кои сметаат дека со објавувањето на „Викиликс“ тајни за американската политика и дипломатија и’ е нанесена штета на американската национална безбедност, со што самиот Асанж стравува дека Шведска би можела да го предаде на САД.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори