Асанж е „разочаран“ од одлуката на Шведска да ја запре постапката за „насилен секс“

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж изјави денеска дека е „длабоко разочаран„ од решението на шведското обвинителство да ја запре против него постапката за обвинувањето за „насилен секс“.

Од еквадорската амбасада во Лондон, каде Асанж се крие повеќе од три години, за да не биде притворен и екстрадиран во Стокхолм, каде треба да биде сослушуван за четирите обвинувања од две жени, за „насилен секс“ и за силување, основачот на Викиликс порача дека со запирањето на постапката, шведските власти не му овозможиле да се слушне и неговата верзија за целиот случај.

Одлуката на шведските правосудни власти за запирање на постапката за три, од четирите дела за кои Асанж е осомничен, е донесена затоа што истекол петгодишниот рок, во кој требаше да подигне обвинување, или целиот случај да се отфрли.

Според шведските закони, против осомничено лице не може да биде подигнато обвинување, доколку претходно не биде сослушувано.
Шведското обвинителство не успеа во изминатите пет години, да го сослуша Асанж затоа што во јуни 2012 година, тој побегна од станот каде судски му беше определно да живее, додека траеше постапката околу одлуката за неговата екстрадиција и се сокри во зградата на амбасадата на Еквадор во Лондон.

Тој и неговите адвокати, одбиваа Асанж доброволно да замине во Стокхолм и да се брани од обвинувањата на двете Швеѓанки, затоа што тврдеа дека тоа е само „мамка„ за да д Шведска, биде префрлен во САД, каде би му се судело за објавувањето на доверливите и тајни материјали на американската администрација. Подоцна не успеа ниту обидот, тој да биде сослушуван во еквадорската амбасада, од луѓе од шведското обвинителство.

Властите во Стокхолм соопштија дека останува и понатаму отворена постапката околу осомниченоста за сторено силување, за која рокот за застарување изнесува до 17 август 2020 година, или десет години од пријавувањето на случајот.

Покрај Асанж, незадоволна од запирањеето на случајот за „насилен секс„ е и жртвата, која го пријави Австралијанецот за сторениот престап.Преку својот адвокат таа изјавила дека жали што „виновникот„ не е казнет за она што го направил, во август во 2010 година, во нејзниот стан во Стокхолм, каде таа го примиила на гости.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица