Асанж денеска може да стане слободен човек

Од:

Основачот на Викиликс би можел за неколку часа да биде слободен човек, доколку лондонскиот суд ја усвои неговата жалба за одлуката за притвор.

Џулијан Асанж се наоѓа веќе пет години во британската амбасада во Еквадор во која побара азил, бидејќи му се заканува апсење поради одбивање да се врати во Шведска, каде е обвинет за наводно сексуално вознемирување на колешка. Тој смета дека со тоа би бил депортиран во САД, кои пак го бараат поради објавување доверливи документи за војните во Ирак, Авганистан.

Еквадор во меѓувреме му одобри политички азил, но официјален Лондон одби да му го признае дипломатскиот статус, кој би го спасил од апсење.

Денеска во лондонскиот суд е закажано рочиште на кое ќе се расправа за молбата на Асанж, за укинување на налогот за негов апсење. Од канцеларијата на главниот обвинител е соопштено дека хипотетички е можно, денеска Асанж да стане слободен човек.

Би можело да ве интересира

Британскиот суд денеска ја носи конечната одлука за Асанж

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори