Асанж бара подобри услови за комуникација

Од:

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поднесе жалба до властите на Еквадор со која бара подобар пристап до каналите за комуникација додека престојува во Еквадорската амбасада во Лондон, соопшти неговиот адвокат на прес-конференција.

Еквадор овој месец делумно му овозможи на Асанж пристап до Интернет, откако комуникацијата со надворешниот свет му беше прекината во март.

Владата на Еквадор тогаш соопшти дека таа одлука е донесена бидејќи тој на социјалните мрежи пишувал за прашања кои би можеле да им нанесат штета на дипломатските односи на земјата, како оние за кризата во односите помеѓу Лондон и Москва и за сепаратизмот во Каталонија.

Еквадорските медиуми претходно јавија дека на основачот на Викиликс му било наредено да не објавува постови за теми кои би можеле да ги загрозат дипломатските интереси на Еквадор.

Асанж со статус на азилант се наоѓа во просториите на еквадорската Амбасада веќа шест години, каде најде засолниште откако британски суд наложи да и биде испорачан во Шведска, каде беше обвинет за сексуален напад.

Тоа обвинение во меѓуврене е отфрлено, но тој и натаму стравува дека доколку ја напушти Амбасадата, може да биде уапсен и испорачан во САД, каде е обвинет поради објавувањето на тајни дипломатски информации.

Би можело да ве интересира

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања