Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети

Од:

Во северозападниот дел на Лондон дошло до пукање во кое една жена е убиена, а двајца мажи се ранети.

Службениците на Метрополитанската полиција биле повикани на пријави за пукање во саботата во Гифорд Роуд, Харлсден, пренесува Sky news.

Жената, за која се претпоставува дека има околу 40-тина години, била пронајдена повредена, но и покрај напорите на итната помош, била констатирана смрт на местото на настанот.

Повредени се и двајца мажи, двајцата на возраст од 30 години. Едниот ќе задржан во болница, додека другиот е пуштен на домашно лекување.

Местото е затворено за увид, а засега нема уапсени.

„Ова е навистина шокантен инцидент кој нè остави со една жртва и двaјца повредени, и ја разбирам загриженоста што тоа ќе ја предизвика локалната заедница. Сакам да ги уверам луѓето дека тим од искусни детективи веќе работат напорно да ги соберат сите информации и да идентификува кој е одговорен за овој грозоморен чин на насилство“, рече началникот на полицијата, Тони Џозефс.

Би можело да ве интересира

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Пукање на метро станица во Брисел, неколку линии запрени

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро