Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Од:

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад е пуштен од болница откако беше жртва на труење пред неколку месеци, објави Сириската опсерваторија за човекови права на својот профил на социјалните мрежи.

На помладиот брат на поранешниот сириски лидер, Махер ал-Асад, не му било дозволено да го посети за време на неговото лекување, додека на поранешниот генерален секретар за претседателски прашања, Мансур Азам, му било дозволено да го посети.

Сторителите имале намера да ја компромитираат Руската Федерација со труењето, сметајќи дека Москва ќе биде обвинета за нападот.

Британскиот весник „Сан“ објави во јануари оваа година дека обидот за труење се случил кон крајот на декември 2024 година, кратко по пристигнувањето на Асад во Москва. Како што беше објавено во тоа време, поранешниот претседател одеднаш се разболе и побара медицинска помош во една од московските болници, каде што лекарите пронашле траги од отров во неговото тело и успеале да го стабилизираат неговото здравје.

Случајот предизвика бројни шпекулации и отворени прашања за мотивите и сторителите, додека до ден денес нема официјална потврда за идентитетот на напаѓачот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски

Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

(ВИДЕО) Убиен е обезбедувач од Универзитетот во Анапа кој спречи масакр, во оружениот инцидент има повредени

Лавров бесен: Америка се откажува од преговорите

Анкета на Gallup International Association: Во Македонија Трамп има 48%, а Путин 41% поддршка, регионот поделен

Предраг Петровиќ

Русија под силен удар, Украина вели: Возвративме со ракети „Нептун“, руската армијата остана „слепа“