Асад ги повика инспекторите на ОН во Дамаск

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад го повика шефот на Обединетите нации за хемиско оружје Аке Селстром на разговори во Дамаск поради наводите дека Сирија употребила хемиско оружје за време на двогодишната граѓанска војна.

Асад претходно одбиваше да им дозволи пристап на инспекторите на ОН во земјата, со исклучок на градот Алепо.

Сирискиот амбасадор во ОН, Башар Џафари повтори дека и покрај повикот на Асад, на инспекторите нема да им биде дозволен пристап во другите области, освен во Алепо.

Се уште не е познато дали претставниците на ОН ја прифатиле поканата.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија