Асад: Ако Трамп се бори против тероризмот ќе биде сојузник на Сирија

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе стане природен сојузник на Сирија, ако се бори против тероризмот и успее да го надмине притисокот од американското лоби за тоа прашање, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за руската телевизија „Росија 24“.

Асад наведе дека на сите им е познато колку се силни лобијата во САД, кои застанаа против Трамп да продолжат да вршат притисок и откако ќе стапи на должност.

– Ако Трамп успее да го надмине тоа и навистина дејствува против тероризмот, сметан дека тој ќе стане наш природен сојузник. Како и Ваш (на Русија), посочи Асад.

Тој додаде дека Трамп ќе биде принуден да се спротистави на лобистите – конгресмени, сенатори, медиуми, индустриското лоби „на кои им се профитабилни војните, како што се случи во Ирак, а наскоро и во Јемен“.

– Тој даде сосема јасни изјави за борбата против тероризмот и немашање во други држави со цел соборување на влади, со што САД се занимаваат со децении. Тоа, се разбира, е убаво, но зависи од волјата на Трамп дали ќе продолжи во таа насока, истакна Асад.

Сирискиот претседател посочи и дека во обновата на сириска економија ќе учествуваат компании од држави кои биле неутрални кон Сирија, а посебно ги спомна Русија, Кина и Иран.

Асад во интервјуто за „Росија 24“ наведе дека Дамаск планира и ослободување на другите сириски градови во координација со Москва и Техеран по целосното ослободување на Алепо.

Тој наведе и дека хуманитарната помош од западните земји не стигнала до населението и оти истата била наменета за терористите.

– Терористите никогаш не мислеле за животот на обичните Сиријци. И денес голем број градови во Сирија се под опсада и терористите прават се за да не стигне помошта до луѓетом истакна Асад.

Би можело да ве интересира

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

САД малку повеќе помагале воено, Европа многу повеќе и помагала на Украина финасиски

Белата куќа бара план за можно олеснување на санкциите кон Русија, тврди Ројтерс

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е