Армискиот врв и затворската управа во Еквадор поднесоа оставки по масакрот во затворот во Гвајакил

Од:

Шефовите на здружената команда на вооружените сили на Еквадор и затворската управа на оваа латиноамериканска држава поднесоа оставки, соопшти денеска владата во Кито.

Оставките уследија заради затворската криза по масакрот во затворот во Гвајакил и борбата против трговијата со дрога.

Еквадорскиот претседател, Гиљермо Ласо, ја „прифати оставката“ на шефот на здружената воена команда, вицеадмирал Хорхе Кабрера, и на директорот на агенцијата задолжена за затворите (СНАИ), Боливар Гарсон, се наведува во соопштението од еквадорското претседателство.

Во судири меѓу ривалските банди во затворот во Гвајакил, во југозападниот дел на Еквадор, во ноќта меѓу петокот и саботата, загинаа 68 затвореници, соопштија властите.

Ова беше последен во серијата масакри во проблематичниот затворски систем на Еквадор, а борбите траеле со часови во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снајперисти ги убија напаѓачите во затворот во Волгоград

(ВИДЕО) Заложничка драма во Русија: Напаѓачите убија три лица, бараат хеликоптер да дојде да ги земе

Горан Наумовски

Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците ги земаа вработените како заложници, најмалку еден вработен загина

Горан Наумовски

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Загинаа 11 затвореници во обид за бегство од затвор на Хаити

A1on

Хаос во затворот во Торино: Подметнат пожар, повредени се неколку чувари