Армиски сили на САД се повлекоа од стратешки округ во Источен Авганистан

Од:

Армиски сили на САД се повлекоа од стратешки округ во Источен Авганистан по договор со претседателот Хамид Карзаи кој ги обвини американските војници дека го малтретираат локалното насление.

Карзаи бараше американските војници веднаш да ја напуштат провинцијата Вардак, што се наоѓа во близина на Кабул и предизвика нарушување на безбедноста во полза на талибанските бунтовници, јавуваат западни медиуми.

Подоцна беше донесен компромисен договор американските војници да се повлечат само од Нерх, еден од осумте окрузи во провинцијата Вардак, а САД и Карзаи да ги надминат недоразбирањата.

– Авганистанската армија доби денеска контрола од силите на САД врз округот Нерх. Предавањето на контролата врз Вардак ќе продолжи со подобрувањето на капацитетите на авганистанската армија, наведе командантот на силите на НАТО стационирани во Авганистан, генерал Џозеф Данфорд.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан