Армиски кадар помалку доминантен во преодната Влада на Тајланд

Од:

Од како во саботата го доби кралскиот указ со кој е именуван за прв човек на преодната влада на Тајланд, шефот на вената хунта, генералот Прајут Кан-окаја објави листата на новата влада во која ќе има 33 министри.

Иако не е дефинитивно оформена, се знае дека во преодната влада на премиерот Прајут ќе има 13 високи офицери, меѓу кои се началниците за воздухопловство и морнарица. Министерска позиција доби и шефот на тајландската агенција за разузнавање.

Во преодната влада Прајут именува само две жени. Министерски места добија и високи цивилни функционери кои, според проценки на генералот, чесно и одговорно ги извршувале своите должности.

Првите проценки на аналитичарите укажуваат на тоа дека со тоа што избегнал преодната влада да биде доминантно составена од армискиот кадар покажува дека генералот-премиер сака да ја избегне состојбата од претходната воена управа во Тајланд од 2006 година, кога во преодната влада имаше 90 посто офицери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач