Аргентинскиот претседател отпатува на средба со новоизбраниот бразилски колега

Од:

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез денеска отпатува за Бразил, на средба со новоизбраниот претседател Луис Инасио Лула да Силва кој во вториот круг од изборите извојува тесна победа над досегашниот бразилски претседател Жаир Болсонаро.

Перонистот Фернандез веднаш по објавувањето го поздрави изборниот резултат, пред се поради затегнатите односи со десничарот Болсонаро изминатите четири години. Победата на Лула се проценува дека може да доведе до зајакнување на врските меѓу двете соседни земји.

„Аргентина и Бразил претставуваат значаен дел од јужноамериканскиот бруто-домашен производ“, рече Фернандез преку аргентинското „Радио 10“ пред да замине за Сао Паоло.

Тој за Лула рече дека е „навистина уникатен и импресивен лидер кој живеел низ многу тешки времиња“, рече Фернандез алудирајќи на времето што Лула го мина во затвор поради пресудите за поткуп што минатата година беа поништени од Врховниот суд на Бразил.

Изборниот резултат во Бразил значи дека левицата сега ќе биде на власт во сите големи економии во регионот, по низата изборни победи последните години, од Мексико до Аргентина. Победата на Лула го консолидираше новиот „розов бран” во Латинска Америка по историските изборни победи на левицата во Колумбија и во Чиле.

Новоизбраниот претседател на Бразил вети враќање на економскиот раст спонзориран од државата, како и на социјалната политика што помогна да се извлечат милиони Бразилци од сиромаштија за време на неговите два мандата како претседател од 2003 до 2010 година. Тој исто така вети дека ќе се бори против уништувањето на амазонските шуми.

Двата претходни претседателски мандати на Лула беа проследени со заначаен економски раст во земјата, а од функцијата замина со рекордно висока популарност. Причина за неуспехот беше корупцискиот скандал во неговата Работничка партија заради кој Лула мина 19 месеци зад решетки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски