Аргентина верува дека Брегзит ќе значи крај на поддршката на ЕУ за Фокландите

Од:

Аргентинскиот министер за надворешни работи Сузана Малкора изјави во Брисел дека официјален Буенос Аирес „внимателно ги следи настаните околу Брегзит“ затоа што верува дека британскиот Брегзит ќе значи крај за европската поддршка на позицииите на Лондон околу Малвинските (Фокландските) острови.

Малкора, која престојува во седиштето на ЕУ, за трговските преговори на Аргентина и Европската Унија, рече дека сепак сега е прерано да се дава проценка околу тоа, како натаму ќе се развиаат работите.

– Ние во Аргентина ги следиме сите случувања околу постапката за Брегзит, но рано е да се тврди дека потоа ќе омекне позицијата на ЕУ кон овие спорни острови во Јужниот Атлантик, изјави Малкора.

Нејзината изјава е поумерена од настапите на претходната влада на популистичкиот претседател, Кристина Фернандез де Кирхнер и на нејзините министри кои спорот околу суверенитетот на малку населениот архипелаг, што потекнува уште од 18 век, го поставија како „витално прашање# за аргентинско-британските односи, претворајќи го во меѓународна тема во која ги вклучија повеќето од латиноамериканските држави.

Владата на новиот претседател Маурисио Макри, кој е 16 месеци на функцијата, со изјавата на својата министерка покажува дека не го заборава прашањето на „спорните острови# но настојува да ги задуши распалените национални страсти во аргентинската политичка јавност, во обидот да се изнајде взаемно прифатливо решение.

Повеќе од 250 години, Британија ги има под контрола овие острови кои сега се британска прекуморска територија. Во април 1982 година, по инвазијата на аргентинската армија, се разви 70 дневна војна меѓу Аргентина и Британија која заврши со повлекување на Аргентинците и со безмалку илјада загубени животи и на двете страни.

Претставник на ЕУ одби денеска да коментира дали Брисел ќе ја смени позицијата кон Фокландите по Брегзит, без разлика што досега, од фондовите на Унијата се финансираше побрзиот развој на овие острови кои биле третирани како британска територија.

Отворањето на „фокландското прашање“ во Брисел, доаѓа само две недели по британско-шпанската бурна расправија околу Гибралтар, британска прекуморска територија на Пиринејскиот Полуостров, откако Мадрид побара од ЕУ , да има право на вето на одлуките за оваа територија, кога Британците ќе се повлечат од Унијата.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите