Арестович: Русија не може со сила да ја заземе челичаната Азовстал

Од:

Русија одлучи да ја блокира опколената фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол, бидејќи не може да ја заземе со сила, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович.

– Тие не можат физички да го земат Азовстал, тоа го сфатија, таму претрпеа огромни загуби. Нашите бранители сè уште го држат, рече Арестович на брифинг.

Според Арестович, тоа може да се објасни и со фактот што тие преместија дел од своите сили од Мариупол на север, со цел да ги зајакнат трупите кои се обидуваат да ја исполнат својата главна цел – напредување до административните граници на Доњецк и Луганск.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин и нареди на руската армија да ги откаже плановите за упад во Азовстал, рече дека сака челичаната да остане под строга блокада и ги повика преостанатите украински борци да се предадат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски