Арапските земји доставија во ОН резолуција против сириската Влада

Од:

Арапските земји во Обединетите нации, предводени од Катар и Саудиска Арабија доставија до Генералното собрание на ОН нацрт резолуција насочена против Владата на претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Во документот, кој вчера им беше претставен на новинарите, до Дамаск се упатуваат повеќе барања, а опозицијата добива пофалби за напорите за решавање на конфликтот.

Текстот на резолуцијата го поздравува создавањето на Националната коалиција на револуционерите и опозициските сили на Сирија на 11 ноември во Доха и и „ја признава коалицијата во улога на законски претставник на сирискиот народ“.

Арапските земји заземаат позитивен став кон соопштението на Националната коалиција од 18 и 22 февруари, во кое се потврдува „приврзаноста кон транзицијата по политички пат кон демократска и мултинационална Сирија, во која сите граѓани ќе имат еднакви права независно од полот, верата или расата“.

Резолуцијата ја фрла главната одговорност за тешката хуманитарна ситуација во земјата врз сириските власти и провладините вооружени групи, ги осудува за убиствата на цивили, непотребна употреба на тешко вооружување, вонсудски казнувања, напад на територии на соседните земји и други нарушувања на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија