Арапската лига изрази загриженост поради указот на Трамп

Од:

Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт изрази денеска длабока загрижеост поради указот на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој им се забранува влез во САД на државјани на седум претежно муслимански земји и се стопира приемот на бегалци.

– Тоа се неоправдани ограничувања, изјави Гејт во соопштение, изразувајќи жалење и поради забрана на Вашингтон да прима бегалци на своја територија.

Гејт изрази надеж дека американската Влада ќе го промени ставот, земајќи ги предвид можните негативни последици врз семејствата, како и врз дијалогот меѓу арапските земји и американското општество, особено во областа на научните истражувања и образованието.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски