Арапската лига ги повика САД да ја повлечат одлуката за Ерусалим

Од:

По синоќешниот состанок на министрите за надворешни работи од Арапската лига, тие ги повикаа САД да се откажат од одлуката за признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

– Одлуката, објавена од претседателот Доналд Трамп, е опасно кршење на меѓународното право, нема правна тежина и е невалидна, наведе Арапската лига во завршната декларација, усвоена по вонредната министерска средба во Каиро, на која беа претставени сите земји членки.

– Одлуката ги лишува САД од улогата на спонзор и посредник во блискоисточниот мировен процес, ги поткопува напорите за постигнување мир, ги продлабочува тензиите и ќе разгори гнев, кој се заканува да го втурне регионот на работ на пропаст од насилство, хаос и крвопролевање, оценија министрите во 3,00 часот изутринава, по повеќечасовниот состанок.

Тие ја повикаа меѓународната заедница да ја признае Палестина како независна држава со престолнина Источен Ерусалим и побараа резолуција на Советот за безбедност со која одлуката на Трамп ќе се оцени дека го крши меѓународното право и нема правна сила.

Министрите дадоа предлог лидерите на арапските земји да се сретнат на вонреден самит што ќе бие организиран од Јордан, ротирачкиот претседател на Арапската лига и соопштија дека ќе се сретнат повторно за еден месец за да ја проценат ситуацијата.

Арапски дипломати изјавија неофицијално дека некои земји членки сакале текстот да вклучува казнени мерки против секоја земја која го следи примерот на САД и ќе го признае Ерусалим за израелска престолнина, но умерените арапски земји го оцениле тоа како премногу радикално.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски