Арапска лига: Иранската интервенција во арапскиот регион е опасна

Од:

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска предупреди дека иранската интервенција во арапскиот регион станала „опасна“.

– Интервенциите на Иран во арапските работи почнаа да добиваат поопасни форми – од поттикнување на кризи во земјите до загрозување на безбедноста на навигацијата и снабдувањето со енергија, рече Абул Геит на состанокот на арапските министри за надворешни работи во Каиро.

Иран ги поддржува бунтовниците Хути во Јемен во нивниот судир со меѓународно признатата Влада на претседателот Абд Рабу Мансур Хади. Од 2014 година, Хутите го контролираат јеменскиот главен град Сана, каде седиште имаат неколку клучни државни институции.

– Го повторуваме нашиот повик до Иран да престане да интервенира во Јемен, да престане да поддржува милиции со пари и оружје и да престане да ги претвора јеменските територии во платформа која им се заканува на безбедноста и стабилноста на соседните земји, рече Абул Гаит.

Шефот на пан-арапската организација ги обвини бунтовниците Хути и дека се одговорни за влошената хуманитарна состојба во Јемен.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он