Арапи од Израел протестираат на „Фејсбук“: Ние сме граѓани од втор ред

Од:

Стотина Арапи од Израел ги заменија своите фотографии на профилите на „Фејсбук“ со печат на кој пишува дека се „граѓани од втор ред“, во знак на одговор на предлог законот со кој Израел се дефинира како „национална држава на еврејскиот народ“.

Критичарите на тој закон предупредуваат дека новата политика би можела да влијае арапското малцинство во Израел да стане инфериорно во однос на Евреите, бидејќи нема да им дозволи дури ни еднакви социјални и политички права.

Протестот на „Фејсбук“ го покренала графичката дизајнерка Сана Џамалија која направила сликите да изгледаат како официјален владин печат од патните исправи и им ги испратила на своите пријатели.

arapi-izrael-fb

-Многумина ме прашаа дали очекуваме некаков одговор од државата, но ние всушност само се смеевме-рече таа за израелскиот весник „Харек“ и додаде дека овде нема ништо ново, дека никогаш не биле граѓани од прв ред.

Новиот предлог закон, наспроти спротивставувањата на некои министри во недела беше одобрен од израелската влада, но се уште постојат неколку верзии кои мора да се усогласат.

Предлогот на Нетанијаху ветува „одржување на правата на сите граѓани на Израел“, но исто така се наведува дека само еврејскиот народ има национално право на самоопределување во Израел и на знаме, химна и слободна миграција.

Критичарите велат дека предлог законот е недемократски, а пратениците од арапската заедница го сметаат за расистички.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан